Тројца жители од регионот се најдоа на листата на УЈП на лица со најголем приход за 2021 година. Станува збор на жители на Штип, Пробиштип и Свети Николе, кои вкупно оствариле приход од над два милиони евра.
Поединечно, најмногу пари преклани заработил штипјанецот и тоа 1,8 мил евра, добиени по основ на исплата на дивиденда. Следува светиниколецот кој од продажба на земјоделско земјиште заработил нас 122.000 евра, додека пробиштипјанецоит наплатил осигурителна полица од 15.000 евра.
На врвот на листата со пријавен бруто годишен доход од 3,6 милиони евра за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примања се од плата и дополнителни примања од странство по основ на други лични примања.
Највисоката годишна бруто плата во 2021 година исплатена е кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 1,9 милиони евра.
Најмладиот и најстариот милионер во државата, пак имаат 8 и 96 години.