12.2 C
New York
Wednesday, September 27, 2023

Buy now

spot_img

Во Спанчево се уништува локалитет стар 5.000 години

Во Спанчево, општина Чешиново-Облешево, во ризик се става археолошкиот локалитет познат како Свети Атанасиј кој е стар околу 5.000 години , реагираат жители. Велат дека добар дел од локалитетот е ограден а градежните машини веке оштетиле важен дел од наоѓалиштето.

Револтирани сме на она што се случува на ова многу важно место за селото, но и за археологијата кај нас. Багерите веќе работат и на пат се да направат огромна штета на нашето културно наследство кое овде со сигурност го има, велат загрижени жители.

Досега тие кај надлежните институции интервенирале и писмено и усно но машините никој не ги сопрел.

Ја известивме Управата за заштита на куктурно наследство, Заводот музеј Штип и општината но никој не реагира, дополнуваат соговорниците. ТВ Стар денес стапи во контакт со Заводот музеј Штип под чија надлежност е и овој локалитет. Дали знаат што се случува таму?

На истото прашање од општита Чешиново Облешево појаснија дека сите дозволи издадени од страна на Општината, се направени со претходни одобренија од надлежните министретсва , вклучително и Министерството за култура.

Дали потенцијално гокената археолопка штета по ова навреме ке би спречена е неизвесно но надлежните засега молчат.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,873FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles