Општина Чешиново – Облешево денес на жителите од с. Спанчево им овозможи континуирано водоснабдување со помош на нов бунар кој вади 4 литри вода во секунда.
Финансиска помош за изградбата на овој бунар општината добила од фирмата Хапа фарм која свој производствен погон има во Спанчево.
Жителите на с. Спанчево неколку пати досега се жалеа од недостаток од вода за пиење токму поради дотраеноста на стариот бунар и недоволниот капацитет кој тој го имал.