Здружението на фармацевти најави денеска зголемување на цените на некои лекови, кои се издаваат без рецепт. Аптеките веќе добиле најави од фармацевтските компании дека покачување на цените ќе има, главно кај лекови кои се купуваат на приватно.
Најголемо покачување ќе има кај т.н. ОТЦ лекови кои можат да се продаваат и надвор од аптеките.
Засега нема најави за поскапување за лековите кои се на позитивната листа или се земаат со лекарски рецепт.