Поради потребата од екипирање на правниот тим за одбраната на лекарот Жан Митрев и неговата клиника е одложен за денеска закажаниот почеток на судењето во Кривичниот суд.
Се што очекуваме е фер судење, а заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажеме вистината , изјави д-р Жан Митрев, веднаш по одлагањето на рочиштето.
Претходно, од Клиниката реагираа дека на еден ден пред почетокот на судењето, Кривичниот суд донесе пресуда за целосно блокирање на нивните сметки, со што целонсо било доведено во прашање нивното работење:
Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес. Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање, стои во соопштението.
Од друга страна, од Обвинителството потенцираа дека уште при известувањето дека е формиран предметот била најавена можната блокада на сметките заради обезбедување на побарувањата на 283 пациенти кои до тој момент биле пријавени како оштетени.
Клиниката Жан Митрев се товари за измама на пациенти преку користење на методот хемофилтрација во лекувањето на ковид-19.