Замрзнатите цени на лебот се за заштита на граѓаните, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски, откако вчера со одлука на Владата цената на лебот е фиксирана на максимум 33 денари.
Во оваа насока, Николовски потенцираше дека министерството со кое тој раководи, во изминатов период работеше на креирање и спроведување на мерки за поддршка на производството.
Николовски поенцираше дека и покрај сие преземени активности, цените на основните прехранбени производи минимално или, воопшто, не се намалија, што резултираше со замрзнување на ценатата на лебот и укинување на субвенционираната струја.