Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 – 2025 година. Неговата објава следува по поништувањето на претходниот тендер за таа намена откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.