Желбата да се напие пијачка во кафе бар за 48-годишен жител на карбинското село Таринчанец завршила лошо, откако, додека бил во уготителскиот објект, бил нападнат со метална шипка. Случајот е пријавен во полиција, а напаѓачот идентификуван, но засега нема информации за причините за нападот.