Граѓаните нема да им заборават на пекарите кои сега им свртеа грб. Тие кога тогаш со производство ќе продолжат повторно, но тогаш, нив ќе ги снајде бојкот и тоа ќе им биде нивната граѓанска одмазда, велат денеска анкетираните штипјани.
Според економскиот експерт Бранимир Јовановиќ, одлуката на големите пекари е недопустлива и за пример ја наведува Албанија
„Во одлуката за замрзнување на цената, треба да пропишат дека фирмите се должни да продолжат со непречено снабдување, и дека ако не го направат тоа, ќе има строги парични казни, па и можност за преземање на производството. Во Албанија и Србија, кога се замрзнаа цените, се пропишаа и вакви одредби. Во Албанија, највисоката казна е 2 милиона евра, а државата може да ја заплени и целата залиха на производи со која располага фирмата. Па тогаш да видиме дали фирмите ќе се однесуваат вака“, оцени Јовановиќ
Штип и регионот од вчера наваму трпат минимални штети од прекинатото производство на леб, бидејки тука помалите произведувачи работат со полн капацитет.