Во знак на протест и жал, железничарите во Грција штрајкуваа и денеска поради, како што велат, официјалното запоставување на железницата.Таму синоќа избија протести поради железничката несреќа во која загинаа 43 лица. Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Хеленик Трејн во Атина, компанијата одговорна за одржување на грчките железници. Протести се одржаа и во Солун и градот Лариса.