Се враќаат приливите од македонските гастербајтери. Податоците од Народна банка покажуваат дека минатата година приливот на средства од странство повторно пораснал, и притоа ги надминал нивото пред пандемијата, односно нивото на приливи во 2019 гдоина. Како што покажуваат податоците во 2019 година нашите иселеници испратиле милијарда ипол евра, во 2020 година приливите се намалиле на една милијарда и сто милиони евра, но во 2021 повторно пораснале на 1,5 милијарда. Веќе минатата година приливите уште повеќе се зголемиле и достигнале скоро две милијарди евра.