420 илјади денари издвои штипската општина за изградба на нов тротоар на потегот од камениот мост до Сити мол. На овој начин, општината излегува во пресрет на се позачестените барања на граѓаните за неопходноста од тротоарска површина во овој дел од градот.
Изведувач на градежнитЕ работи е ЈП Стипион.
Освен овој зафат, во планот на реконструкција и изградба на нови тротоарски површини влегуваат и повеќе градски населби.