Ќе се реконструира еден од симболите на Штип – Стариот камен мост на Брегалница, односно Ќучук Емир Султановиот мост. Истиот е изграден во 1672 година и досега е реконструиран неколку пати , но поради секојдневната оптовареност, повторно е неопходна негова реконструкција.
Мостот во населбата Осми ноември е еден од трите премини преку река Брегалница во Штип. Вториот мост беше изграден пред шеесетина години во близина на Градскиот стадион и Автобуската станица, а пред три години се изгради и уште еден мост на т.н. обиколница кој ги сврзува населбите Сењак и Пребег.