СДСМ нема решение за виталните економски прашање, поради што дното е допрено и се нудат ад хок решенија, изјави денес во Свети Николе лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во контекст на актуелната економска состојба и проблемот со пекарската индустрија и цената на лебот, Мицковски изјави дека решениеро на СДСМ е задоцнето.
Ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека сега не е време за лидерска средба, Мицкоски прокоментира дека е време за заминување на СДСМ од власт.
Христијан Мицкоски денес беше во Свети Николе по повод традиционалното одбележување на верскиот празник Тодорова сабота и имаше средба со градоначалникот и граѓани.