Депонијата која беше голем проблем за населението во село Карбинци е комплетно исчистена и трајно затворена. Овој простор дополнително за краток период ќе биде и хортикултурно уреден. Од Општината апелираат да се почитуваат препораките за забрането фрлање на отпад во насока на одржување на овој простор чист и зачувување на животната средина.