Тротоарот на ул. Борис Кидрич во Берово, кој е целосно реконструиран пред неполна година, сега наместо за безбедно движење на пешаците, се користи за непрописно паркирање и е комплетно узурпиран од возила. Беровци се крајно револтирани, а од општината закажуваат итна средба со жителите на оваа улица во обид да ги убедат, со возилата да не ја загрозуваат безбедноста на пешаците, но и д ане го уништуваат тротоарот.