Повеќе од година Државниот испитен центар манипулира со термините и со менаџерски испит, обвинија на прес конференција од комисијата з аобразование на ВМРО ДПМНЕ во Кочани:
„ После чекање повеќе од една година, токму кога помисливме дека сме стигнале до самиот крај – наместо да добиеме лиценци, новиот директор на Државниот испитен центар арогатно порачувајки: “пред силата правдина нема” – ни ги поништи положените испити и со тоа не стави пред свршен чин, не’ изложи на дополнително понижување, но и на нови тршоци. За жал централната власт, прекршувајќи го уставот и законите ни го ускратува уставното и законско право да полагаме за лиценца за менаџери“ , стои во реакцијата.