Четворица штипјани , во текот на вчерашниот ден се приведени поради поседување на марихуана. Три лица, на возраст од 19-21 година, биле дел од група која полицијата ја детектирала како сомнителна на улица. при претрес, кај сите нив е пројајдена и одземена марихуана.
Четвртото лице, на возраст од 35 години, е приведено во одделен случај, а марихуаната е пронајдена при претрес на неговото возило.
По документирање на двата случаја против сите четворица ќе биде поднесена соодветна пријава.