Наскоро, целосно ќе биде реконструирана улицата „Радански Пат“ во Штип. До крајот на месецов треба да заврши тендерската постапка, а потоа и да се пристапи кон градежните активности. Во прва фаза ќе се работи на крак од оваа улица кој никогаш до сега не бил асфалтиран, а потоа ќе следува и комплетна реконструкција на целата улица.