Андреа Нисева од штипскиот БК Олимпија ќе настапи на бугарското државно првенство во борење слободен стил за девојчиња до 15 години, што ќе се оддржи на 24 април годинава во Софија. Нисева ќе настапи во категоријата до 54 килограми. Викендот, младата боречка надеж на Олимпија имаше подготовки со актуелниот светски првак во борење, молдавката Олга Попова.