Вандализиран споменикот на поетот Никола Јонков Вапцаров во Делчево чие име го носи и Домот на културата во овој град. За дова вандалство веројатно стоји пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.
Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.
Претходно беше украден дел од оградата на новиот пешчаки мост ,,Гоце Делчев” во центарот на градот. Во насока на спречување на вандалството на неколку локации беа постави надзорни камери, со цел поефикасно откривање на сторителите.