Над 200 книги, нови и атрактивни наслови на англиски јазик, донираа македонски иселеници во Австралија, за делчевската библиотека. Брачниот пар Кире и Виолета Атанасовски веќе 20 години живеат во Мелбурн, Австралија, но се редовни донатори за родното Делчево. Последната донација е особено значајна за збогатување на книжниот фонд на библиотеката , но и голема помош з аоние кои го изучуваат англискиот јазик.