6 месеци откако на штипската Пастрмалијада пропадна во незатворена шахта, радовишанецот Тони Костадиновски денес повторно се врати на местото на несреќата и остана фрапиран:
Костадиновски, концертот на Тони Цетински поради кој дојде во Штип ќе го памети долго, бидејќи здобиените повреди 10 дена го направија неподвижен.
Костадиновски апелира до Општината , проблемот итно да се реши.
Општина Штип, во неколку наврати има поставувано заштитни капаци на посочената шахта, но тие упорно се крадат од страна на несовесни граѓани. И овој пат, истата ќе биде заштитена со кпак, но размислуваме тој да биде изработен од бетон, за да не биде повторно украден, појаснија од општината.