Можно е користење на дневна ефтина струја, смета Премиерот Димитар Ковачевски, надоврзувајки се на претходната најава од РКЕ, на денешниот заеднички прес со европскиот претставник Дејвид Гир.
Неодамна, првиот регулатор, Марко Бислимовски, најави можно враќање на дневната евтина струја, напоменувајќи дека за тоа треба да се почека крајот на грејната сезона. Оценката на Бислимвоски доаѓа од обемот на зголеменото домашно производство и заштедите на струјата, што се своевидни сигнал за враќање на дневната евтина струја.
Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја – објасни Бислимовски.
Засега, граѓаните користат ноќна евтина струја од 22 до 06 часот наутро, како и во недела цел ден. Дневната евтина тарифа е укината од декември 2021 година.