Во моментов се изготвува првата нацрт верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното образование на којашто работи група составена од претставници на повеќе институции и чинители на воспитно – образовниот процес. Целта на оваа иницијатива е да се унапреди квалитетот на содржината на учебници, да се намали веројатноста за појава на грешки од различна природа во содржината и во исто време да се поедностави процесот на набавка и навремена испорака до училиштата.