Општина Делчево објави тендер за реконструкција на локалниот пат Делчево- Стамер во должина од 1,3 км, односно од клучката од регионалниот пат до влезот на селото.
Отворањето на понудите е на 22 март во 9.00 ч. на електронскиот систем за јавни набавки,а доделувањето на договорот е врз основа на економски најповолната понуда која се утврдува врз основа на цената.
За реализација на набавката се обезбедени парични средства во висина од 5.800.000,00 денари преку Министерство за транспорт и врски.