Ранко Р.(55) е убиен утрово околу 11.00 часот на бензинска пумпа во Белград, а според првите и неофицијални информации на порталот „Нова.рс“, станува збор за лице од претходно познато на полицијата кое меѓу другите работи, било вклучено и во продажба на блиндирани автомобили. Неговото име се споменуваше во јавноста, во контекст на сопственикот на еден таков автомобил, кој беше пронајден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на Вељко Беливук. Ранко Р. во јавноста е познат и како „Ранко Ескобар“, а по потекло е од Црна Гора.