Банкноти од 100 долари за која е утврдено дека е фалсификат е пронајдена во Кочани. Фалсификатот е откриен во менувачница, каде жител на Чешиново дошол да промени повеќе долари. При проверката е констатирано дека пет од нив се лажни.
Полицијата го истражува потеклото на доларите, а сомнителните банкноти се одземени. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.