Штипските натпреварувачи на „ Осенсеи Балекс“ се во Франција каде ќе учествуваат на ЕП во Џиу Џицу, за јуниори и кадети
Во првото коло, Данил Николиски се среќава со претставник од Србија, додека Ева Димитрова со претставничка од Унгарка. Штипјани се оптимисти . Веруваат дека ќе го прескокнат првото коло и ќе забележат победи. Утре, на ЕП прв ќе настапи Данил Николиски, а во недела Ева Димитрова.