Континуираното горење на коченската депонија, денес повторно на протест ги извади жителите на блиското село Бели. Бараат Општината под итно да изнајде решение за чадот кој завршува во нивното село, но и нивните бели дробови.
Континуираниот чад и загадување , веќе е причина за сериозни здравствени проблеми кај овдешното население.
Од ЈП „Водовод“ засега проблемот само го санираат со потрупување на депонијата, но трајно решение не е најдено.
Пред неколку години, кочанската депонија беше третирана со алги со што се спречи нејзино самозапалување. Сепак, алгите не се ефикасни при намерно палење на депонијата, како што неколкупати се случуваше.
Оттука, крајното решение од ЈП „Водовод“ го гледаат во отворањето на регионалната депонија кај Мечкуевци, и трајно затворање на коченската која е нестандардна.