Казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат ќе излезе на терен и ќе постапува, најавуваат од Инспекторатот.
„ Одлуките ќе стапат во сила на 16 март. Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи. Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат“, велат од Инспекторатот.
Со одлука на Владата донесена вчера, млечните производи и тестенините се намалуваат од 10-15 %.
Дополнително, најавена е можност и за намалување на цените на јајцата, шеќерот и оризот.