Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово. На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот.