24 часа во денот живеат со музиката, потпевнуваат речиси во секој момент, а редовно пеат два пати во неделата. Станува збор за Надица Накова, Виолета Ефтимова, Снежанка Миланова и Софија Михајловска, четирите дами од групата ,, Ѓердан”.
Групата Ѓердан постои само 6 месеци, а зад себе веќе имаат оставено повеќе настапи, а најавуваат и следни
Четирите дами најчесто обработуваат изворни песни, па многу од граѓаните како што велат тие никогаш и не ги слушнале. Токму таков пример е песната За Отиња кои тие ја припремиле за нивен настап.
Подготовките и учењето нови песни за нив не е проблем, затоа што музиката е нивната прва љубов која ја гаат со години.
Како единствен проблем на патот на групата Ѓердан се финансиите, за кои како што велат тие мораат сами да се снаоѓаат, а спонзор кај нив никогаш не се јавил.