15.3 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

4.500 ученици, и наставници и директори за првпат ќе бидат елкетронски тестирани за нивното знаење

Во април и во мај, околу 4.500 ученици од Македонија годинава за првпат електронски ќе бидат тестирани за да се види какви им се знаењата по предметот математика но и други предмети од областа на природните науки, информираат од Државниот испитен центар.

ТИМСС е меѓународната студија по математика и предмети од природни науки која ги мери знаењата во овие области во четврто и во осмо одделение.

Република Северна Македонија е вклучена во 4 меѓународни студии: ПИСА, ТИМСС, ПИРЛС и ТАЛИС. Државниот испитен центар за првпат електронски ќе го спроведе ТИМСС главното тестирање во четврто одделение во 150 основни училишта на примерок од околу 4.500 ученици“, велат во Државниот испитен центар.

Точно пред една година, во наши училишта се одржа пробно ТИМСС тестирање, наменето за ученици во четврто одделение. За првпат беше изведено на компјутер, а за таа намена беа обезбедени повеќе од 100 лаптопи за да може да се одговори на барањата од технички аспект.

Освен за учениците, за прв пат во државата ќе биде оценувана и работата на наставниците и на директорите во периодов во тек е реализација на пробното ТАЛИС истражување.

Со него се опфатени по 30 наставници и директорите од 30 основни училишта. Идната година ќе се реализира главното истражување, по што ќе следува опсежен извештај за сите држави ученици во студијата“, информираат од ДИЦ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles