Со 4.000 садници од црн бор, од денеска стартува пошумувањето на голите површини околу Штип. Првите илјада садници, градоначалникот Иван Јорданов,заедно со администрацијата од општината и вработените од ЈП Стипион и Исар ги засадија во месноста Кумлак. Акцијата тука не застанува.
Граѓаните кои живеат во непосредна близина на оваа месност задоволни.
Во истовреме, комуналците од Исар ќе стартуваат со засадување на 20.000 цвеќиња на зелените површини во градот.
Наскоро стартуваа и акциите за чистење на урбаните заедници. Еко акциите ќе се изведуваат секој викенд во различна урбана заедница.Со граѓаните ќе бидат вклучени вработените од општината и јавните претпријатија.