Со години, актуелен голем канализационен проблем, дефинитивно ќе се решава во централното градско подрачје во Штип. Најпогодени се 12 семејства од влезот со број 48. Тука пречесто се запушува канализационата мрежа. Фекалиите буквално им ги поплавуваат подрумите.Граѓаните пред градоначалникот Иван Јорданов,и директорот на Исар, Трајан Коцев, на лице место во подрумскиот дел ја кажаа својата мака.
Изворот на проблемот станарите го знаат.
Општинските власти нудат решение, кое за краток временски рок би го одстранил повеќегодишниот проблем.
Најавеното техничко решение е во изговотвка.