Известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, изрази силна надеж дека ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид, каде што ќе се одржи следната средба на високо ниво во рамки на меѓусебниот дијалог. Нејзиниот твит беше одговор на твитот на германскиот амбасадор на Косово, Јорн Роде, кој ги повика Белград и Приштина „да не го пропуштат возот“.