Пакетот мерки за помош за ублажување на инфлаторните ефекти и поскапувањето на енергенсите тежи 1,7 милијарди евра, а треба да важи една година. Цената на струјата ќе остане иста во наредните шест месеци, до крајот на септември, а цената на гасот една година, до април следната година. Цената на енергенсите и во наредните месеци ќе остане иста за локалната самоуправа, па трошоците за струја и гас за градинките, училиштата, градската администрација и комуналните претпријатија нема да се менуваат.