Воената алијанса на НАТО ги повика косовските институции веднаш да ја деескалираат ситуацијата на северот на земјата, еден ден по конфликтот меѓу косовската полиција и локалните српски групи. „Ги повикуваме институциите во Косово веднаш да ја деескалираат ситуацијата и ги повикуваме сите страни да ја решат ситуацијата преку дијалог. Мисијата на НАТО, КФОР, продолжува да биде будна и да обезбедува безбедна средина“, напиша на Твитер портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.