Вооружените сили на Република Србија засега остануваат на највисоко ниво на борбена готовност. Ова е одлуката која е донесена на денешната седница на Советот за национална безбедност на оваа земја по тензиите меѓу косовската полиција и граѓаните на северот на Косово.Ваквата одлука, како што се наведува во соопштението на Претседателството на Србија, е донесена поради бруталната употреба на сила од страна на косовскиот премиер Албин Курти против српскиот народ во Косово