Џенет Морис и Стивен Бидвел од Кембриџ уживале на патување со едрење покрај брегот на Мароко кога забележале јато од китови убијци. Некои од смртоносните цицачи потоа почнале да го удираат бродот – напад за кој Џенет и Стивен тврдат дека траел еден час.Шест китови се свртеле кон едрилицата од само ним познати причини. Луѓето кои биле на бродот со оваа двојка се труделе како нив да не паничат, но не им било лесно. Не само што биле нападнати од јато гневни орки, туку проблем биле и силниот ветер и големите бранови.На крајот успеале да се изборат со ветрот и брановите и да се вратат на пристаништето, а по еден час орките се откажале и тргнале по својот пат.