Дали знаевте дека во рок од 7 дена, со само неколку домашни состојки, можете ефикасно да ги исчистите цревата од паразити и да ги елиминирате надуеноста и стомачните болки? Пробајте го моќниот напиток од семки од тиква, куркума, ѓумбир и мед! За ефект на детоксикација, доволно е да пиете само половина шолја секој ден во текот на една недела. Бидејќи содржи сирови семки од тиква и мед, овој напиток е одличен и за кожата и има антиинфламаторно дејство. Иако често се зборува за семките од тиква како природен лек за зголемена простата, тие се многу повеќе од тоа.
Одлични се и за цревата бидејќи ги чистат од паразити и ја поттикнуваат цревната перисталтика. Но, тоа е само дел од нивните придобивки за кои дефинитивно треба да знаете. Придобивките од семките од тиква Традиционално, семките од тиква се земале во форма на прав или од нив се правел чај. Семките од тиква, меѓу другото, содржат и кукурбитацин, специјална супстанца која го напаѓа нервниот систем на паразитите и го поттикнува нивното исфрлање од дигестивниот систем. Благодарение на пребиотските влакна, тие го поддржуваат растот на добрите бактерии и на тој начин го подобруваат здравјето на цревната микрофлора. Освен што го стимулираат метаболизмот, семките од тиква се препорачуваат и за оние кои боледуваат од дијабетес бидејќи го регулираат нивото на шеќер во крвта.
Напиток за детоксикација од семки од тиква. Состојки:
120 гр семки од тиква, 1⁄4 лажичка куркума, 1⁄4 лажичка ѓумбир во прав, 1 лажица мед (по можност сиров, од локален медар)
прстофат црн пипер, 750 мл вода
Приготвување: Потопете ги семките од тиква во вода од вечер и оставете ги да отстојат до утрото. Наутро се цеди и се става во блендер или сецко. Додадете куркума, ѓумбир, мед, црн пипер и вода и мешајте додека сè не се исецка ситно и додека не се соедини. Потоа процедете го пијалокот преку цедалка или газа. Пијте половина чаша од овој напиток за детоксикација секој ден во текот на седум дена. Остатокот од смесата можете да го додадете во гранола или во колачи.