2300 македонци се заглавени во светот. Државата ќе ги евакуира преку специјални коридори

1044

2.300 македонски граѓани, кои во моментов се низ светот,а, најмногу во европските држави, побарале да се вратат во земјата. За нив како што инфомира утрово на прес конференција, министерот за надворешни работи Никола Димитров, Владата ќе организира хуманитарни летови, за да ги врати назад… 

-Врз основна на законските прописи Владата одлучи сите поголеми групи на граѓани да бидат во 15- дневен задолжителен карантин за да се зачува здравјето на сите, вели Димитров.

Димитров на денешниот прес упати повик до граѓаните кои се немаат пријавено во земјите каде се наоѓаат, во нашите претставништва, тоа да го направат до утре до 18 часот за да има прецизна евиденција и да се организираат овие летови. Во фокус ќе бидат земји кои имаат повеќе граѓани.

-Со властите од Црна Гора се обидовме да качиме патници од Турција со нивниот хуманитарен лет. Кога им кажавме дека ќе бидат во задолжителен карантин се откажаа од оваа можност, појасни Димитров.

Министерот најави. Во Црна Гора има 70 граѓани и тие со конвој ќе бидат префрлени во земјава во задолжителен двонеделен карантин на сметка на државата.