31 година од смртта на генерал Апостолски. Штип се сеќава на херојот

0
91

Штип ја одбележа 31-годишнината од смртта на генерал Михајло Апостолски. Со положување на свежо цвеќе на неговата биста во Алејата на великаните, повеќе делегации му оддадоа почит на Апостолски, кој бил партизан, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој :

  • Основното и средното училиште ги завршил во Штип. Во 1927 г. ја завршил Воената академија во Белград, во 1933 Високата воена академија, а во 1938 г. ка завршил и Генералштабната академија, потсети Петар Мицевски, секретар на Здруж. на борци – Штип.

Апостолски во 1945 година бил назначен за началник на Врховниот штаб на НОБ, а во текот на неговата работа извршувал голем број на одговорни функции.

Но, покрај воените обврски тој бил вршел и општествено – политички функции :

  • Во периодот од 1965 до 1970 година бил директор на Институтот за национална историја. При основањето на Македонската академија на науките и уметностите(на 18 август 1967 година) е избран за нејзин прв редовен член. Во 1968 година е избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите. Подоцна е избран и за член на Југословенската, дополни Мицевски.

Денес Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје и орденот „Михајло Апостолски“ го носат неговото име.

https://youtu.be/Ojtp-PxMrII

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here