40 студенти од Европа преку Еразмус програмата дојдоа во Штип

0
147

40 студенти од Универзитети од цела Европа зимскот семестар ќе го поминат на УГД. Сите тие се овде преку Еразмус плус програмата и ќе студираат на различни програми на Универзитетот:

„Најголем дел од студентите се на Факултетот за медицински науки и на машинскиот факултет, но има студенти и на музичката академија, на економскиот, на правниот итн. Најголемата бројка на студенти се од Шпанија, но има и од Франција, Португалија, Франција, словачка, Хрватска, Германија итн“, истакна Сања Стефанова, кординатор на Еразмус плус.

За сите нив, денес на Правниот факултет во Штип беше организиран прием за добредојде.

А зошто од сите понудени европски земји, ја одбрале токму Македонија :

„Мојот универзитет ми понуди да изберам меѓу 4 држави, јас ја избрав Македонија. Не знаев ништо за оваа земја, освен основни познавања од географија. Но, би сакала да научам повеќе за македонската култура и образовниот систем“, изјави Каролин Стефо, студент од Франција.

Други пак, објаснија конкретно зошто нивниот избор бил Универзитетот „Гоце Делчев“ :

„Универзитетот нуди одлична образовна програма по англиски јазик и кога ќе ја завршам би бил професор по англиски во Шпанија. Завршната година ќе ја поминам овде на Филолошкиот факултет, зашто програмата е многу слична на онаа на мојот универзитет во Шпанија“, кажа Антонио Гомез, студент од Шпанија.

Големиот број на студенти од Европа кои ќе поминат еден семестар на УГД се резултат на напорната работа на Одделението за меѓународна соработка за проширување на земјите и Универзитетите со кои УГД ќе соработува и во иднина.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here