40.000 луѓе ќе се грижат за безбедноста за време на дочекот на нова година во Москва !

704

За време на новогодишните празници во Москва ќе бидат ангажирани 40.000 луѓе, вклучително и полицајци, членови на Руската национална гарда и вработени во приватни фирми за обезбедување .

„Повеќе од 40.000 луѓе се очекува да бидат ангажирани од 31 декември до 8 јануари со цел да се одржи законот и редот и на местата определени за прослава и околните области“, речено е за ТАСС во прес-службата на одделот за безбедност на московскиот регион.

Во Москва повеќе од 11.000 лица, меѓу кои 3.300 полицајци и 3.400 припадници на Националната гарда, ќе се грижат вечерва за безбедноста на граѓаните за новогодишната ноќ, сè  до утринските часови.

На полицијата во центарот на Москва ќе ѝ помагаат и 75 кучиња трагачи.