45 голови во петтото коло од женското фудбалско првенство

0
83

Женското фудбалско првенство има една препознатлива одлика – бројот на голови со кои во само еден натпревар понекогаш се надминува бројот на погодоци во цело коло од машкото првенство.

Таков пораз претрпе екипата на ЖФК Кочани од фаворитот Драгон на натпреварот кој се одигра во Кочани, а жетварките беа поразени со високи 0:7. Првото полувреме заврши со 0:5, а можеше да биде и подраматично, но гостинките решија да не го понижуваат домаќинот.

Вториот претставник на Истокот, Каменица Саса не ја одигра средбата со Истатов, која беше одложена поради смртта на фудбалската легенда, Благој Истатов.

Од преостанатите двојки, Борец беше поразен од Тиверија во Велес со 0:10. Прилеп беше посилен од домаќинот Плачковица со 0:9, Тетово славеше над Ас Јунајтед со разумен резултат од 2:1. Топ Гол очекувано посилен од Атлетико со 2:8, а Речица со 6:0 го совлада противникот Љуботен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here