5 години Евива – успешен проект за подобра Македонија

547

Веќе пет години, Бисера Ушинова и Јазичниот центар Евива од Штип ја раскажуваат својата успешна приказна отворајќи им ги вратие на светот на младите.
Она што почна како скромно училиште за изучување на странски јазици, денес се претвори во вистински бренд на градот и пример како енергијата на младоста за кратко време може да направи стабилен и успешен бизнис:
„Основната дејност се одржуваат часови по англиски и германски.Од А1 до Ц2 , сите нивоа се опфатени на англиски и германски.Освен тоа раководам и со агенција со посредување при вработување,тоа е Евива кадровски услуги и постои 3 години“ изјави Бисера Ушинова, менаџер на Јазичен центар Евива – Штип
Ушинова има само 26 години, а заедно со неа работи исклучително млад и амбициозен тим на наставници, сите обединети со заедничка цел – да го дадат најдоброто од себе:
„Во секој случај не е едноставно,се си има свои тешкотии ,значи кога ќе ги видите сите задоволни лица , значи на учениците, вработени, значи сето тоа се исплати“ изјави Бисера Ушинова, менаџер на Јазичен центар Евива – Штип
Низ клупите на Евива минуваат различни генерации ученици , но најбројни се основците. Токму тие, 5-от роденден на Евива го направија особено весел, активно вклучувајќи се во новогодишната работилница.
Таму ги покажаа своите вештини во рачна изработка на украси, го презентираа и дел од наученото:
„Јас направив честитка за мојата фамилија“
Сите учесници добија новогодишни пакетчиња, а најсреќните двајца дома си заминаа со таблет компјутери:
„Добив таблет, ќе го користам за учење германски“ изјави Бојана Георгиевска, добитник на таблет компјутер
Јазичниот центар Евива роденденот го прослави давајќи подароци истакнувајќи ја на тој начин уште еднаш својата уникатност.
На овјо начин, младит тим на Евива, чија цел во иднина е да се прошират на целата територија на Македонија и надвор од неа, уште еднаш покажаа дека амбицијата пишува успешни приказни кои можат да бидат пример како да се направи подобра целата држава.