6.3 милиона посетители испија 7.5 милиона литри пиво на „Октоберфест“ во Германија !

Со рекордна посета од 6,3 милиони гости , заврши германскиот Октоберфест , најголемиот фестивал на пивото.

0
544

Меѓу посетителите на Октоберфест беа и Бил и Хилари Клинтон. Годинава се испиени 7,5 милиони литри пиво , што е на ланското ниво , со тоа што годинава се испиени за десет проценти повеќе безалкохолни пијалоци.

Убавото време беше причина да има 100 000 посетители повеќе од лани , соопштија денеска организаторите , сумирајќи ги резултатите од годинешниот фестивал на пивото.

„Ова беше супер фестивал” , изјави заменикот градоначалник на Минхен , Јпзеф Шмит.

И покрај тоа што е намален криминалот , овој фестивал беше засенет од смртта на еден посетител , кој загинал во тепачка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here