8 јагниња се вртеа на ражен на Еленец за иселениците од Каменица

0
101

8 јагниња се вртеа на ражен на Еленец за иселениците од Каменица, собрани на традиционалната иселеничка средба на Цера:

  • За првпат печеме јагниња на ражен. Ангажирани сме 8 лица и печеме од 05.00 часот сабајле, рече еден од готвачите.

Мирисот на печеното јагнешко, македонската традиционална песна и оро ги сплотија иселениците кои овде се собирата еднаш годишно, а доаѓаат од цела Европа:

  • Јас сум во Германија. Таму сме цело семејство, сите работиме и задоволни сме, добро е, кажа иселеник.
  • Во Италија работам за 1.600 евра плата, не знам овде како се опстанува со плата од 200 евра, кажа друг иселеник.

Некои во странство се со децении, други таму отишле пред неколку години, но за назад речиси и да не помислува никој.

Во обид да ги премисли, општината и државата во Македонска Каменица отворија и канцеларија за дијаспората:

  • Добро е ние да ги знаеме нивните планови и да имаат една поддршка од нас овде, истакна Соња Стаменкова, градоначалник на о. М.Каменица.

беа презентирани и дел од Законот за поддршка на домашни и странски инвеститори:

  • Во тој Закон има еден посебен дел за иселениците и тие добиваа за 10 отсто поголема поддршка од државата во однос на останатите, истакна Еднонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспората.
  • Поддршката е двоја особено во делот на инвестициите во градби, донесување на нови машини, опрема и слично, дополни Зорица Апостолска министер без ресор за странски инвестиции.

Колку овие мерки ќе допрат до иселениците е прашање. За неколку денови, тие ќе ги напуштат општините од Истокот и ќе заминат. Само во северна Италија од Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево има над 6.000 нашинци. Најмалку трипати по толку има во другите европски земји заедно.

https://youtu.be/arvnMTt8Gyc

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here